Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од парите на печалбарите живеат се повеќе семејства во Македонија!

Од парите на печалбарите живеат се повеќе семејства во Македонија!

Расте бројот на семејства што жиеат од парите од печалбарите. Овој тренд особено дојде до израз по избувнувањето на економската криза во Европа, а потоа и во Македонија.

Најновото истражување со наслов “Докази од користењето на приватните трансфери “ што го спроведе универзитетот Американ Колеџ во соработка со регионални истражувачи, обелоденува дека во екот на кризата парите на печалбарите продонеле да се амортизира сиромаштијата.

Така, ова истражување покажува дека во време на кризниот период од 16 отсто, бројот на семејства што примале приватни трансфери од странство се зголемил на 21 отсто. Во исто време, се зголемила и сума што ја праќале печалбарите од 1 990 евра на 2 070 евра.

“Поверојатно е дека руралните и Албанските домаќинства примаат повеќе приватни трансфери, и пред и после кризата. “ – констатира истражувањето.

Дека приватните транфери се значаен извор за фиансирање  за земјите во развој, покажува и податокот според кој овие суми што се слеваат од странство на приватни сметки во Македонија изнесуваат 4 проценти од Бруто Домашниот Производ, колку што практично изнесуваат приливите од странските директни инвестиции.

“Нивниот нагорен тренд се одржува и покрај неодамнешната криза во 2008 та година, така пред кризата тие изнесуваа 227 милиони евра, додека по 2012 та година се очекува да изнесуваат по 300 милиони евра годишно“ – пишува во извештајот.

Токму македонската економија во приватните трансфери наоѓа еден од најзначајните извори за покривање на дел од дефицитот на тековната сметка. За граѓаните што ги примаат – тие значат намалување на сиромаштијата, но и шанса за отворање на сопствен бизнис.

“Се покажа дека приватните трансфери имаат позитивен, иако мал ефект и врз самовработувањето – семејствата кои добиваат 2000 евра од приватните трансфери годишно имаат 1% повисока веројатност да започнат сопствен бизнис“ – заклучуваат анлитичарите на ова истражување.

Овие тенденции се типични за земјите во развој во кои во 2012 та години по основ на приватни трансфери сумите ќе достигнат и до 400 милиојарди долари на светско ниво, што ќе преставува тројно зголемување во однос на 1990 та година.

Д.А.
Слично

Поврзани вести