Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од параноја до оптимизам во Атина за решавање на спорот за името

Од параноја до оптимизам во Атина за решавање на спорот за името

Грчките политичари изминатите месеци по изборот на новата влада во Република Македонија сменија повеќе „емоции“, од целосна параноја до благ оптимизам дека спорот за името кој трае со децении конечно може да се реши на конструктивен начин и да се подобрат значително односите меѓу соседите. Ако се погледнат реакциите на повеќето политичари од опозицијата се помалку се шири паранојата и тврдиот национализам дека Грција нема да се откаже од терминот Македонија кој немаше никогаш да и го дозволат на нашата земја. 

„Решение, кое ако се постигне ќе биде во корист на мирот и соработката на Балканот, но и во корист на една нова динамика за нашата земја во поширокиот регион. Во следните денови ќе се покаже колку е изводливо да се направат суштински чекори во оваа насока“- рече Ципрас. 

Оваа изјава на грчкиот премиер следи по владиниот состанок вчера што се толкуваше како обид да се наметне поголем оптимзам дека проблемот мора да се реши и повеќе да не се води ретроактивна надворешна политика како што тоа го правеле претходните грчки влади, обвинија Ципрас и министерот за надворешни работи Коѕиас.

Создавањето на атмосфера пред се во грчкото општество за евентуален компромис исто така е многу важен сегмент од конелното решение на спорот бидејќи ова прашање со години ги будеше грчките националистички духови и ги хранеше партиите со радикални идеологии на политичката сцена. 

Таков вид на „билдање“ на оптимизам не е нов на македонската страна бидејќи со изборот на премиерот Заев и новата влада веќе подолго време се етаблираше политиката за добрососедство, за постигнување компромис со соседите на достоинствен начин и забрзување на интеграциите во НАТО и ЕУ што ќе значи исполнување на стратешките определби. 

Барем досега не се споменуваат идентитетските одредници што ќе значи задржување на достоинството, но конечното решение не е познато, а детали не откриваат ниту македонската ниту од грчката владина страна за да не се нарушат преговорите кои ќе следат во наредните месеци. 

Секако, конечното решени ќе мора добро да се објасни како во Македонија така и во Грција за да не предизвика нови внатрешни конфликти и судири, но предизвикот ќе биде огромен. Во Солун веќе се најавени големи демонстрации за сочувување на Грчка  Македонија како што велат тие. 

Засега во Македонија е мирно и нема најава за протести, но евентуален конкретен предлог кој би бил прифатлив, а потоа оценет од дел од домашната јавност како „предавнички“ или проблематичен ќе предизвика слична, па дури и пожестока реакција. Секако, во овој период постои обид да му се даде шанса на самиот процес во кој голем влог има и меѓународната заедница. 

Х.С.

Слично

Поврзани вести