Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОД ОСУМ ДО 18 ОТСТО - потпишан правилникот за повисоки плати на судската полиција

ОД ОСУМ ДО 18 ОТСТО - потпишан правилникот за повисоки плати на судската полиција

Министерот за правда Бојан Маричиќ, во присуство на претставниците на УПОЗ и Независниот синдикат на судска полиција, го потпиша правилникот за зголемување на платите на судската полиција. Со ова се решава долгогодишниот проблем на овие службеници кои бараа зголемување на платите. 

Од неговиот кабинет јавија дека потпишувањето на правилникот е резултат на повеќемесечните преговори.

„Со него се предвидува процентуално зголемување на платата во зависност од тоа во кој суд работат службениците. Зголемувањата изнесуваат од 8 до18 отсто. Најголемо зголемување добиваат Основниот Кривичен и Основниот граѓански суд во Скопје.

Претставниците на УПОС и Независниот синдикат на судска полиција изразија благодарност и задоволство што после многу апели и протести конечно се реши нивниот проблем. Тие на министерот му ја пренесоа пораката дека ова за нив е значаен чекор, на кој гледаат како на конкретен чекор за решевање на нивните проблеми“, се вели во соопштението од Министерството за правда.

Слично

Поврзани вести