Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од Охрид до Цирих ќе се лета директно еднаш неделно

Од Охрид до Цирих ќе се лета директно еднаш неделно

Македонија се поврза со уште една авиолинија.

За 15 дена ќе може да се лета директно до Цирих од Охрид со  швајцарската авиокомпанија „Германија флуг АГ“.

За оваа нова авиолинија од ТАВ Македонија информираа денеска.

Авиокомпанијата ќе оперира еднаш неделно во зимскиот ред на летање за сезоната 2016/17, а тој бројот ќе се зголеми на двапати во неделата во текот на летото следната година. 

Претставниците на авиопревозникот искажаа задоволство од оваа соработка со што Македонија ќе биде презентирана како атрактивна туристичка дестинација и особено, едно од нејзините најубави места, Охридското езеро и градот. 

„Очекуваме оваа рута да служи како добра врска помеѓу Македонија и Швајцарија, но и да функционира како линк меѓу Германија, особено нејзиниот јужен дел, и Швајцарија со Македонија како крајната дестинација“, посочил Серкан Карахатај, маркетинг-координатор во „ТАВ Аеродроми“.

Слично

Поврзани вести