Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ОД НЕПОЗНАТИ ПРИЧИНИ, ВЛАДАТА НЕМА СИЛА НИТУ ВОЉА ДА ГИ ИСПОЛНИ БАРАЊАТА НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА И ЕВРОПСКАТА УНИЈА“: Хајредини за европскиот пат на земјава

„ОД НЕПОЗНАТИ ПРИЧИНИ, ВЛАДАТА НЕМА СИЛА НИТУ ВОЉА ДА ГИ ИСПОЛНИ БАРАЊАТА НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА И ЕВРОПСКАТА УНИЈА“: Хајредини за европскиот пат на земјава

Поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини излезе со став околу европскиот пат на земјава.

„Од непознати причини, Владата нема сила ниту воља да ги исполни барањата на Советот на Европа и на Европската Унија.

Ова ја оневозможува борбата против криминалот и корупцијата, како и владеењето на правото во земјата.

ЕУ од Македонија бара да ги санира последиците од измените на Кривичниот Законик, додека Советот на Европа преиспитување на амнестијата на неколку од Хашките предмети.

Како последица на оваа состојба, денеска сме сведоци и на човечките трагедии, кои, една по друга, ни се случуваат“, напиша тој.



Слично

Поврзани вести