Од „не е ништо страшно“ до “потенцијална закана по живот“ - Еве што објави Џокси и што порача
Од навидум „не е ништо страшно“ до „потенцијална закана по живот“. Со овие зборови го започна својот последен статус познатиот македонски пејач и автор Џина Папас – Џокси или Ѓорѓе Васиќ, кој заедно со фотографии објави краток напис за опасноста која ги демне граѓаните на централното градско подрачје во Скопје.
Иако, како што пишува и самиот Џокси, не станува збор за голем проблем, и делува како ситуација за која не е потребна итна реакција, сепак, доколку ова се повтори може да создаде големи проблеми за случајните минувачи.
- Денеска бев сведок на еден навудум настан „не е ништо страшно“ до “потенцијална закана по живот“. Се откорна дрво од силниот ветер и падна врз спортската сала на ОУ Коле Неделковски.
Среќата е во тоа што во тој момент не се најде ниту еден минувач, ниту пак деца од школото. Ударот беше многу јак.
Инаку во таа Боемска улица 2 и од едната и од другата страна се дрвја стари од времето на СР Македонија и веќе се во скапана состојба, а со тоа и закана за минувачите.
Ги информирав од Општина Центар, иако ова не е во нивна надлежност, пратија екипа и дрвото е отстрането, но ЈП Паркови и зеленило треба посериозно да се зафатат за замена на старите со нови дрвја - напиша Џокси на својот профил.
Фото: Принтскрин/Фејсбук
