ОД НАТАША ПЕТРОВСКА И КОСТА ЈАНЕВСКИ ЗАСЕГА НЕМА ЧЕСТИТКИ ЗА НАСЛЕДНИЦИТЕ - ќе им посакаат ли среќа на новите кандидати
Градоначалниците од СДСМ, Наташа Петровска од Битола и Коста Јанев од СДСМ, кои не добија од својата матична партија СДСМ номинации да се тркаат за уште еден мандат за општините со кои сега раководат, засега немаат реакции во кои би им честитале на изборот на новите лица што ги предлагаат социјалдемократите.
На двата фејсбук профила на Наташа Петровска, и оној официјалниот како градоначалник, и приватниот, не може да се забележи никаква објава околу партиската одлука да го кандидира бизнисменот Христо Кондовски за градоначалник на Битола.
На еден од нејзините профили последната објава е од вчера, дека е завршен детски парк кај хотел Битола, со фотографија од новиот изглед на детскиот парк, а на другиот профил последната објава е од 30 август, за проектот Бенефит.
Кај струмичкиот градоначалник, пак, последната објава е од 27 август, дека во Струмица бил отворен научниот собир „70 години Институт за фолклор и 50 години фолклористичка дејност на Иван Котев“ во организација на Општина Струмица и Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ од Скопје.
СДСМ го кандидираше пратеникот и портпарол на партијата, Коста Костадоновски.
Додека, пак, како што објавивме, градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, се заблагодари на СДСМ за довербата да раководи со општината, и му поссака успех на новиот кандидат. Како што е познато, за СДСМ за Центар ќе се трка Горан герасимовски.
