Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од МВР тврдат дека брзо реагирале и спречиле поголем инцидент

Од МВР тврдат дека брзо реагирале и спречиле поголем инцидент

Полицијата целосно ги демантира тврдењата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, дека полицијата не била присутна и не реагирала при инцидентот кај споменикот Скендербег.

Напротив, како што посочуваат од МВР, полицијата беше на лице место, во истиот момент реагираше и го спречи насилството, а едно лице веднаш беше приведено кое е осомничено за пукање од огнено оружје.

Во видеото, додаваат, точно се гледа колку брзо повеќе од десет припадници на полицијата реагираат и спречуваат поголем инцидент. 

Слично

Поврзани вести