ОД МУЗИКА ЗАВРШИ ВО ПОЛИТИКА: Кој министер од Владата на Заев се повлекува и враќа меѓу пратениците?
Владата на премиерот Заев ќе остане без министерот Самка Ибраимовски.
Како што најавија од министерството без ресор на Самка, тој ја напушта функцијата и ќе се врати во пратеничките клупи.
Ибраимовски денеска треба да потпише изјава во ДИК дека го прифаќа пратеничкото место, соопштија од неговиот кабинет.
Oд музичар заврши во политички води.
Кој е Самка Ибраимовски?
Самка Ибраимовски е роден на 27 септември 1954 во Тетово.
Тој е македонски политичар од ромско потекло и претседател на политичката партија ПЦЕР.
Ибраимовски дипломирал на факултетот за менаџмент во Нови Сад, а во периодот 2011–2014 бил пратеник во Собранието на Република Македонија.
По парламентарните избори во 2016 тој стана министер без ресор во владата на Зоран Заев.
Ибраимовски како млад бил тапанар во музичката група „Инекси“ од Тетово, а негов брат е пејачот Ибуш Ибраимовски. Пред да влезе во политиката Ибраимовски бил директор на тетовската фабрика за производство на мебел и садови „Униус промет“.
Во периодот 2004–2006 тој бил заменик на министерот за труд и социјална политика.
