Од мотоцикл фрлен молотов коктел на мерцедес во Чаир
Денеска во раните утрински часови околу 04,30 добиена е дојава за опожарено патничко мотороно возило на ул. “Алпи“ во Чаир.
По излегување на лице место од страна на полициски службеници од ПС Чаир констатирано е дека се работи за возило марка “мерцедес Е430“ со скопски регистарски таблички, сопственост на А.Ф.(25) од Скопје, кое што околу 03,00 часот било паркирано таму од страна на лицетоА.Б. (27).
Сведокот навел дека околу 04,20 часот забележал две лица на мотоцикл како фрлаат молотов коктел кон возилото, при што тоа било опожарено во предниот дел кај моторот и инсталацијата. Се работи на целосно расчистување на случајот.
Слично
