Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од Министерството за здравство демантираат дека во Струга има заразен со омикрон

Од Министерството за здравство демантираат дека во Струга има заразен со омикрон

Министерството за здравство ја информира јавноста дека досега со секвенционирање на вирусот SarsCoV2 детектиран е сојот омикрон само кај еден пациент кој во државата пред извесно време се вратил од Велика Британија. 

„Утврдување на присуство на сој на вирусот SarsCov2 се врши единствено и исклучиво со секвенционирање, ПЦР тестирањето, односно детектирање на S-gene dropout може да биде само индикација, но не и потврда дека пациент е заразен со сојот омикрон на Ковид 19. Досега на ПЦР тестови кај тројца пациенти позитивни на Ковид 19, детектиран е S-gene dropout, но нема извршено секвенционирање, односно нема потврда дека се заразени со омикрон. Тестирањата им се направени во приватна болница, а станува збор за пациенти од Прилеп, Велес и Струга. На пациентите им е направена епидемиолошка анкета и согласно протоколите ставени се во изолација лица со кои биле во контакт. Министерството за здравство апелира од воздржување и давање паушални изјави и непроверени информации кои ги доведуваат граѓаните во заблуда и шират паника меѓу населението“, се вели во соопштението. 

Во текот на денот, медиумите  повикувајќи се Центарот за јавно здравје Охрид објавија дека во Струга има случај на омикрон. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести