Економија, финансии, бизнис

Контакт

Oд Министерството за правда објаснија кога било поднесено барање за екстрадиција на Груевски

Oд Министерството за правда објаснија кога било поднесено барање за екстрадиција на Груевски

Oд Министерството за правда велат дека за екс премиерот Никола Груевски досега е поднесено едно барање за екстрадиција на 20 ноември 2018 година, како и дополнување на барањето во јуни 2019 година.

Екстрадицијата беше побарана за сите предмети за кои постоеја сознанија дека се водат постапки пред македонските правосудни органи, односно за сите случаи за кои е распишана потерница.

„Република Унгарија го одби барањето за екстрадиција на 05 август 2019 година, со образложение дека на Никола Груевски му е одобрен азил, согласно нивното законодавство, кое не дозволува предавање на лице кое ужива таков статус на државата од која избегало. Министерството за правда континуирано го следи случајот и ги превзема сите мерки согласно закон да ги обезбеди  потребните документi. Во текот на утрешниот ден  ќе биде доставено барање до надлежните судски органи и обвинителства и ќе се побараат потребните списи  за сите предмети поврзани со лицето Никола Груевски. Откако од надлежните органи ќе ги добиеме  потребните документи, Министерството за правда ќе постапи согласно позитивните законски прописи“, велат од Министерството за правда. 

Откако викендов премиерот Виктор Орбан ги изгуби изборите, а негов наследник ќе биде Петер Маѓар, тој порача дека во неговата земја нема да има место за престапници, вклучително и за Груевски. 

Инаку, Груевски е осомничен во повеќе дела, кои произлегоа од прислушкуваните разговори познати како „бомби“. 

Слично

Поврзани вести