Од Мијалков до Заев побарани како сведоци на одбраната на терористите од „Диво Насеље“
Одбраната на обвинитетите за тероризам во случајот „Диво Насеље“ како свои сведоци повика голем број на политичари, меѓу кои има поранешни и актуелни функционери, но и лидери на политички партии.
Исто така одбраната побара од судот како сведоци да ги повика, Исни Шаќири, Шенаси Мехмети вработен во УБК и Стојанче Ангелов од политичката партија “Достоинство“. Одбраната бара сведок да биде и преведувачот на ОБСЕ, Бехар Граждани.
Адвокатите очекуваат судот да ги прифати сите спомнати лица, бидејќи според нив сите имаат сознанија за овој случај.
Од друга страна Јавното Обвинителство, како доказен материјал достави ЦД на кое се наоѓаат пишани документи за целата полициска акција.
Заев во повеќе интервјуа досега спомнуваше дека за случајот „Диво Насеље“ има поголема позадина која треба да биде опфатена, но за тоа се потребни докази и ангажман на истражните органи.
