OД МЕСЕЦОВ: Албанците од Косово, Македонија и Црна Гора нема да полагаат познавање на албанскиот јазик за државјанство
Oд месецов, Албанците од Косово, Македонија и Црна Гора нема да полагаат познавање на албанскиот јазик при добивање државјанство.
Законските измени објавени во Службен весник стапуваат во сила на крајот на овој месец. Државјанство со посебна процедура ќе се издава и за странци, помлади од 18 години, кои не живеат во Албанија, но државата е заинтересирана за нив во областа на образованието, науката, уметноста, културата, економијата и спортот, но со согласност на двајцата родители или законски старател. Лани со албанско државјанство се стекнале 347 странци, а годинава 159 луѓе. Најмногу барања за албански пасош поднеле косовски и турски државјани.
foto freepik.com
Слично
