Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од мене ќе имаш 5м, му пишал Панделески на Боки, со Ременски се допишувале за Камчев

Од мене ќе имаш 5м, му пишал Панделески на Боки, со Ременски се допишувале за Камчев

Пораки од телефонот на Бојан Јовановски, беа презентирани денеска во рамки на доказната постапка за случајот „Рекет“. Комуницирал со сведокот во овој случај Орце Камчев, со пратеничката Фросина Ременски, со Дејан Панделески, син на сопственикот на Пелистерка, со Катица Јанева. Во пораките, реализирани најмногу преку whats up се зборува за судења, за развој на настаните во случаите кои СЈО ги водеше, но и за бројки, суми.

Доказите ги објавува Јавното обвинителство, а од презентираните, прва порака од кумуникацијата на Боки 13 со Ременски беше од 24.12.2018 година. Ременски му вели дека нејзините информации велат дека „Апелација ќе одлучи укинување на притворот на Орце“, по што Јовановски вратил со: „Не“. Потоа му одговора дека наводно утре ќе одлучувале по жалба на Орце, да го провери.

Следната комуникација е на 28.06.2019 кога Ременски му вели на Боки 13: „Антонио постави прашање во Собрание, слушај одговор…Јовановски, прашува „Што?“ а Ременски одговара: „За Коки, сега одговора З.З, на трет канал МТВ“. Потоа Јовановски и вели дека било речено дека има истрага.

Боки комуницирал и со синот на Цевтан Панделески, осомничен во „Империја“. Дејан Панделески во именикот на Боки му бил впишан како Дејан Пелистерка. 

На 15 јануари Боки испраќа порака со содржина „Сега ќе ги викнат адвокатите”, а Панделески му вели „Не дава согласност Лиле”.

На 4 март Боки го информира дека стигнало решението а Панделески му вика дека може само 500 сега оти бил блокиран од Царина.

На 8 мај Панделески му праќа нова порака на Боки 13: „Боки од мене ќе имаш 5 М. Тоа е максимумот. 

Претходно беа презентирани пораки со Камчев, но и со Јанева на која Боки и пишува за избор на мебел. Од сметки кои ги достави Обвинителството се тврди дека Бојан Јовановски и мајка му во Милано потрошиле вкупно 148 илјади евра на скапа и брендирана облека. 



Слично

Поврзани вести