Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од Макрон до Меркел - со кој се ќе се сретне Заев во Софија

Од Макрон до Меркел - со кој се ќе се сретне Заев во Софија

Премиерот Зоран Заев на 17 мај ќе учествува на Самитот на Европската унија за Западен Балкан што ќе се одржи во Бугарија, земја претседавач на Европскиот Совет. За време на Самитот, предвидена е и средба со премиерот на Грција, Алексис Ципрас.

„Заев ќе има билатерални средби со повеќе премиери и шефови на држави. Планирани се билатерални средби со претседателот на Франција, Емануел Макрон, со канцеларката Ангела Меркел, како и со премиерот на Холандија, Марк Руте“, информираат од Владата.

Во агендата на премиерот Заев се испланирани и билатералните средби со премиерите на Австрија, Шведска и Естонија, Себастијан Курц, Стефан Лофвен и Јури Ратас.

Заев е поканет да учествува и да говори на конференции кои се одржуваат паралелно со Самитот на ЕУ во Софија.

На Самитот во Софија ќе учествуваат и вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.


Слично

Поврзани вести