Од Македонија си заминав поради љубов
ИНТЕРВЈУ СО ПОЕТЕСАТА ТАЊА КАРМЗОВА КОСТИГЛИОЛА
„Трнот во надежта“, на латински „Spes est spinam“, е новата стихозбирка на македонската поетеса Тања Кармзова–Костиглиола. На 4 ноември, книгата ќе се промовира во Скопје, а е во издание на „Матица“.
Тања Кармзова–Костиглиола по потекло е од струмичкото село Дабиле. Таа е фармацевтски техничар, и веќе девет години живее и работи во Париз со синот и со сопругот. Во 2007 ја објавила првата збирка „Распетие на душата“, лани книгата „Кутија со солзи“, а работи на францускиот превод на своите дела. Вели дека првите стихови ги напишала кога имала осум години, а сега има 28. Иако е фармацефт, поезијата е нејзиниот издувен вентил. Стиховите на Тања се едни од најсподелуваните на социјалните мрежи, кои таа ги нарекува отскочна штица за писателите.
Женски магазин – За што раскажувате во вашата нова стихозбирка „Spes est spinam“ (Трнот е во надежта)?
Тања – Оваа стихозбирка е буквално исцедок од сите мои грижи, тагувања, сочувство кон туѓите тажни приказни и восклик за среќата на оние кои ме опкружуваат, но истовремено и социјален ангажман за мои ставови по чувствителни прашања како што се дискриминацијата, предрасудите и границата меѓу патриотизмот и нацизмот.
Целото интервју можете да го прочитате на Женски магазин.