Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од Македонија нема одговор, но Турција чека испорачување на 86 луѓе поврзани со ФЕТО

Од Македонија нема одговор, но Турција чека испорачување на 86 луѓе поврзани со ФЕТО

Македонија засега не реагирала, иако  Турција чека земјава да и предаде 86 турски граѓани поради неуспешниот обид за пуч кој се случи кај нив пред пет години. 

Станува збор за 86 турски државјани поврзани со терористичката организација ФЕТО која се смета за организатор на неуспешниот обид за пуч. Турскиот амбасадор во земјава Хасан Мехмет Секизќок вели дека досега немаат добиено позитивен одговор од македонските власти. Сепак, тоа не влијае на добрите односи помеѓу двете земји. Тој вели дека во земјава структурите на ФЕТО се присутни  затскриени зад превези како образовни институции и трговски друштва.  Амбасадорот вели дека во секоја прилика до надлежните  ги пренесуваат барањата за оневозможување за дејствување на структурите на ФЕТО и депортирање на лицата поврзани со ФЕТО. 

„Ставањето крај на дејностите на структурите на ФЕТО и депортирањето на лицата поврзани со ФЕТО ќе претствуваат конкретни чекори од аспект на билатералната соработка во насока на борбата против тероризмот. Ја користам оваа прилика одново уште еднаш да ги истакнам овие очекувања. Со одлучност ќе продолжат нашите дејности во насока на сузбивање на структурите на ФЕТО во странство“, изјави Секизќок.

Додаде вели дека приоритет за Анкара во овие 5 години беше да им докажат на сите држави каква закана за безбедноста е движењето предводено од Фетулах Ѓулен. 

Во обидот на турската војска на изврши пуч против турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на 15 јули 2016-та загина 251 лице, а повеќе од 2.000 беа повредени.  

После обидот за пуч отказ добија повеќе од 7.000 полицајци, војници и јавни службеници. 

Овој ден Анкара го одбележува како државен празник на демократијата. 

Слично

Поврзани вести