Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од Левица се згрозени од несериозното однесување на народните избраници

Од Левица се згрозени од несериозното однесување на народните избраници

Од партијата Левица велат дека се згрозени од несериозното однесување на народните избраници во Парламентот. 

Левица бара од пратениците да се вразумат и конечно да почнат да работат во интерес на огромното мнозинство осиромашени и обесправени граѓани. 

Од партијата велат дека според нив  ниту неодамна објавениот „патоказ“ на ВМРО- ДПМНЕ ќе помогне за да се надмине ќорсокакот во кој се наоѓа нашето општество, а ниту пак предлогот на ДУИ и СДСМ за собраниски спикер, Талат Џафери, е во насока да добиеме функционален Парламент.

„Пратеници, имајте на ум дека довербата што ви ја дадоа граѓаните на изминатите избори не е трајна! Досега, со ништо не ја оправдавте. Ниту имавте доблест да ги донирате трите дебели незаработените плати, а ниту пак откако седнавте во собраниските фотелји нешто сработивте во интерес на народот“- стои во соопштението од Левица.

Од партијата соопштија дека според нив граѓаните очекуваат час поскоро да почувствуваат подобрување на нивната економска состојба, а наместо тоа пратениците им приредуваат политички магли и замајувања. 

Слично

Поврзани вести