Од куќата каде беснееше пожар пренесени на Токсикологија
Три лица од Шутo Oризари со Итна помош се пренесени на Токсикологија, откако во пожар изгореа две мали деца.
На лице место им е укажана лекарска помош и на две жени кои биле во куќата.
Три лица кои биле во куќата во која беснееше пожар се пренесени на Токсикологија. Таткото, дедото и 14-годишниот брат на загинатите деца, како и друг 28-годишен пациент со возила на итната медицинска помош биле пренесени на клинката, јавува Сител.
Премиерот во техничката Влада, Оливер Спасовски придружен од претставници на институциите, го посети местото, каде што се случи пожар во семејните куќи во Шуто Оризари, во кој загинаа две малолетни деца.
Слично
