Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од која земја ни дојдоа најмногу туристи во април?

Од која земја ни дојдоа најмногу туристи во април?

Има пораст на бројот на туристи во април.

Најбројни биле гостите од Турција.  Во април годинава, во Македонија дошле 69.934 туристи, од кои 25.8 отсто се домашни, а 74.2 отсто се странски, објави Државниот завод за статистика (ДЗС). Бројот на ноќевањата изнесува 130.702, од кои 28.4 отсто се од домашните туристи, а 71.6  отсто од странските.  Од странските туристи најбројни биле Турците, по кои следуваат Србите и Грците. Голем број туристи имало и од Косово, Албанија, Германија, Италија, Полска, Романија, Хрватска, САД. Доколку се спореди периодот јануари – април оваа година, со истиот период лани се бележи раст од 24,3 насто кај бројот на туристите. Кај странците има зголемување за 46,1 процент, додека кај домашните туристи е забележано намалување за 3,6 отсто.

foto freepik.com/jurij_b

Слично

Поврзани вести