Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од кои четири земји имало најмногу туристи во април?

Од кои четири земји имало најмногу туристи во април?

Турците и Германците биле најбројни гости во април годинава.

Најголем број од странските туристи во април биле од Турција, Германија, Србија и Франција.

Во април годинава во Македонија се евидентирани 97.358 туристи кои реализирале 174.649 ноќевања. Според податоците на Државниот завод за статистика(ДЗС), странските туристи и натаму доминираат во вкупниот туристички промет, а во периодот јануари – април е забележано зголемување и на бројот на туристи и на бројот на ноќевања во споредба со истиот период лани.

Од вкупниот број туристи, 79,5 проценти биле странски, а 20,5 проценти домашни гости. Од остварените ноќевања, 73,2 проценти се реализирани од странските, а 26,8 проценти од домашните туристи.

Во првите четири месеци од годинава, вкупниот број туристи е зголемен за 3,5 проценти во однос на истиот период минатата година. Притоа, бројот на домашни туристи е намален за 0,1 процент, додека кај странските е регистриран раст од 4,8 проценти. Вкупниот број ноќевања е зголемен за 0,3 проценти.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести