Oд кого Гајсер ги добил „бомбите“?
Италијанскиот новинар Ларис Гајсер од Ла Верита негира дека е нечија продолжена рака и одбива да открие од каде ги поседува аудио снимките, кои ги објави за случајот „Рекет“.
На прашање дали се познава со поранешниот премиер Никола Груевски, Гејсер вели дека имал контакти со луѓе на Груевски од минатото, но дека лично не го познава ниту него ниту унгарскиот премиер, Виктор Орбан.
„Си ја работам работата како коментатор на настаните и верувам во она што го работам“, рече тој.
Гајсер не најави дали ќе продолжи со објавување на нови разговори.
Слично
