Од кога ВМРО-ДПМНЕ почна да протестира за долгите притвори и политичките затвореници?
ВМРО-ДПМНЕ се најде во позиција да организира протести за ослободување на некого од притвор иако досега партијата, особено нејзиниот лидер Груевски дури и кога во јавноста имаше силни критики за притворањето на бројни осомничени не дааше позитивни реакции на поддршка, уште помалку на симпатии кон тие што протестираа. Најчесто политичкиот изговор на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски беше дека тие не се мешаат во правосудството и тоа самостојно одлучува кој заслужува притвор.
Да потсетиме дека Република Македонија беше држава рекордер кога е во прашање изрекувањето на најтешката мерка на обезбување во текот на истрагата, односно со лежењето во притвор од десетина месеци, а често и над една година практично осомничените исто како да одлежале правосилна пресуда со целосна законска казна.
Македонија до 2015 година во повеќе меѓународни извештаи за обсервација на човековите права и демократските стандарди беше оквалификувана како земја на политички затвореници, единствена во Европа со таква очајна оценка за правниот и политичкиот систем.
Сега главните причини за незадоволство на ВМРО-ДПМНЕ од постапувањето на правосудните органи е тоа што Едмонд Темелко беше во притвор два месеца, а по направените укажувања за влошувањето на неговата здравствена состојба тој е пуштен од истражниот затвор и е префрлен во домашен притвор. Исто така треба да потсетиме дека главните причини поради кои СЈО побара притвор за Темелко е неговото двојно државјанство и пасош како и тоа што не се јавувал редовно во судот како што беше одредено претходно со мерките на претпазливост.
Бидејќи Темелко подолго време е предмет на интерес на СЈО од ВМРО-ДПМНЕ ги направија сите обиди да го претстават како ултимативниот македонски херој, како единствениот македонски градоначалник избран во Албанија, заштитни на македонштината и идеалите на македонскиот народ, но никој на Темелко не му суди за патритските дела, туку за можни изборни манипулации и секако сорабока токму со врвни луѓе на сега опозициската партија.
ВМРО-ДПМНЕ ја продолжува праксата во Република Македонија да се бега од правна одговорност, да се организираат протести само за личности кои имаат партиска поддршка и токму кога тие ќе се најдат очи во очи со законот тогаш се прогласуваат политички затвореници и неправна држава.
Како што соопштија од партијата протестот е одложен за на 3 декември (недела) во 18 часот, па ќе видиме какви пораки за барање на правда ќе испратат тогаш.
Автор: Христијан Станоевиќ
