Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ОД КЛИНИКИ НАПРАВИВТЕ ПРИГРАДСКИ АМБУЛАНТИ“: Д-р Лазаров вели СДСМ имаше 7 години да го смени законот за здравство

„ОД КЛИНИКИ НАПРАВИВТЕ ПРИГРАДСКИ АМБУЛАНТИ“: Д-р Лазаров вели СДСМ имаше 7 години да го смени законот за здравство

Докторот Ненад Лазаров се огласи за законот за здравство. Тој вели дека сработа е сега што негодуваат од опозициската партија.
„7 години имаше СДСМ време да го смени законот за здравство со кој директор на ЈЗУ има дискреционо право да одлучи за вработување вон резултати од полагања на конкурсот, дрска и безобразна законска можност која се употребува како пракса а некако исклучок.

Од клиники направивте приградски амбуланти.

Со учество на такви конкурси колеги само се даваат легитимитет на местенката и бламажа од епски карактер, па дури и усни полагања пред комисии од ЈЗУ кои и сами знаат дека се Мапет Шоу и ништо више а кој е примен е друг список.

Така да сеа не галамете, срамота е.

7 години чиви деца вработувавте?

Во Македонија има луѓе спремни и способни да го трансформираат здравството, брзо и ефективно, ама не се у партии, особено не се во СДС.

Треба да дојде ден на политичка воља за тоа да се направи инаку се може“, напиша тој.



Слично

Поврзани вести