Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од каде скрати Владата за да обезбеди 3.4 милиони евра за референдум?

Од каде скрати Владата за да обезбеди 3.4 милиони евра за референдум?

Трошоците за реализирање на референдумот за името, којшто согласно со денешната одлука на Собранието на Република Македонија ќе се одржи на 30 септември, ќе изнесуваат 3,4 милиони евра. 

Парите ќе бидат обезбедени од државниот буџет,  со прераспределба помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите, како што е дефинирано во Одлуката која ја изгласа вчера законодавниот дом.

За потребите за реализирање на референдумот, Владата ќе скрати пари од повеќе ставки и тоа:

- Кај Влада на Република Македонија патните и дневните расходи се намалуваа за 1.000.000 денари.

- Ставката привремени вработувања се намалува за 1.000.000 денари, ставката разни трансфери се намалува за 1.000.000 денари, ставката економска промоција 4.400.000 денари, ставката унапредување на туризмот - разни трансфери се намалува за 13.000.000 денари.

- Кај Службата за општи и заеднички работи на Владата на РМ за изградба и реконструкција на административни згради на државни органи, се намалува за 20.000.000 денари.

- Во Министерство за финансии во потпрограма 20 - Функции, се намалува за 60.000.000 денари.

- Во Министерство за економија, поддршка на домашен туризам за работници со ниски приходи, се намалува за 5.000.000 денари.

- Во Министерство за животна средина и просторно планирање се намалувата инвестициите во животната средина за 5.000.000 денари и купување на опрема и машини се намалува за 5.000.000 денари.

- Кај Министерството за транспорт и врски, во потпрограма за жичара и други градежни објекти се намалува за 20.000.000 денари.

-   Кај Мининистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се намалуваат капиталните субвенции за претпријатија и невладини организации за 5.000.000 денари.

- Кај Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој капиталните субвенции за претпријатијата и невладините организации се намалува за 10.000.000 денари.

- Кај Министерство за труд и социјална политика, во потпрограмата минимална плата, се намалува за 10.000.000 денари.

- Кај Министерство за образование и наука, за преведување и печатење на стручна литература, се намалува за 5.000.000 денари, за превод на книги од реномирани автори, ставката договорни услуги се намалува за 5.000.000 денари, за голема концертна сала за Македонската филхармонија, ставката се намалува за 8.000.000 денари, а кај мултилтидисциплинарни програми, ставката разни трансфери се намалува за 8.000.000 денари и за одржување на објектите и опремата во областа на културата, се намалува за 10.000.000 денари.

- Кај Министерството за здравство, за изградба на ПЕТ Центар, и купување на опрема и машини се намалува за 10.000.000 денари, а за други градежни работи се намалува за 4.000.000 денари.


Слично

Поврзани вести