Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОД КАДЕ МУ СЕ ПАРИТЕ ЗА ХАЦИЕНДА ВО ПОБОЖЈЕ. Русковска најави финиш на истрагата за Рашковски

ОД КАДЕ МУ СЕ ПАРИТЕ ЗА ХАЦИЕНДА ВО ПОБОЖЈЕ. Русковска најави финиш на истрагата за Рашковски

Истрагата за поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски е во завршна фаза, вели шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска во интервју за РСЕ.

Се истражува како може Рашковски да си дозволи гаранција од околу 500 илјади евра за замена на мерката притвор во домашен притвор, а во истрагата влегува и прашањето од каде му парите на Рашковски за хациенда во Побожје.

-Истрагата е во завршна фаза. Го добивме материјално-финансиското вештачење. Се чека уште едно вештачење, треба до следната недела да стигне и тоа и ќе се викаат осомничените да дадат своја одбрана, доколку сакаат, вели Русковска.

Слично

Поврзани вести