Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од каде им толку злато и зошто тонат во долгови?

Од каде им толку злато и зошто тонат во долгови?

Една европска земја цела деценија се „дави“ во долгови додека истовремено се наоѓа на самиот врв кога станува збор за резервите на злато. 

Овој вреден ресурс не се користи за подобрување на економската ситуација, а неговите резерви се намалуваат. 

Во текот на последните 50 години вкупните резерви на злато се повеќе од преполовени - од 866 тони злато, колку што Португалија имала во своите трезори во 70-тите години, денес има 383.

Во трезорите на Португалските банки се чуваат 383 тони злато, што е за 483 тони помалку од времето на славната португалска „каранфилска револуција" кон средината на 70-тите години, кога во Португалија со пуч е сменета диктатурата со либерална демократија. Урнат бил диктаторот Марсело Каетано, кој претходно го наследил повеќедеценискиот лидер Антонио Салазар. Народот излегол на улиците, а како симбол на желбата за мирни промени, на војниците и полицајците им делеле каранфили. На првата годишнина од револуцијата, одржани биле првите слободни избори. 

За време на војната, Португалија тргувала со важен ресурс, а со кој само таа располагала - волфрам. Станува збор за руда која била користена за армирање на челик, па, со самото тоа, била од витално значење за германската воена индустрија. 

Португалскиот диктатор, Антонио де Оливеира Салазар, одлучил да не го користи златото за развој на заостанатата португалска економија. 

Слично

Поврзани вести