Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од кабинетот на Иванов се извинуваат бидејќи направиле техничка грешка

Од кабинетот на Иванов се извинуваат бидејќи направиле техничка грешка

Кабинетот на Претседателот на Република Македонија информира дека е настаната техничка грешка при упатувањето покана до градоначалникот на општина Струмица за присуство на прославата на државниот празник „Илинден“ во Скопје. 

Од кабинетот на Иванов воедно се извинуваат за настанатиот превид на протоколарните служби. 

„Информираме дека до г. Зоран Заев, претседател на Владата на Република Македонија, е испратена покана за негово присуство“ - додаваат оттаму. 

Утрово од општина Струмица информираа дека добиле покана на која е наведено дека го покажуваат Заев во својство на градоначалник на Струмица. 

Слично

Поврзани вести