Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од Кабинетот на Еди Рама објаснија зошто фотографија од Македонија беше означена како место во Албанија

Од Кабинетот на Еди Рама објаснија зошто фотографија од Македонија беше означена како место во Албанија

Фотографијата од водопадот во Македонија, веќе е тргната од фан страницата на албанскиот премиер, Еди Рама. 

Од македонската Влада реагирале и побарале да се направи корекција, но и да се даде објаснување. 

Oткако албанскиот премиер Еди Рама објави фотографија од планински водопад со хаштаг „прекрасна Албанија“ и „Кањон Лешница“, по што имаше многу реакции, од неговиот Кабинет за МИА информираа дека во јужниот дел на Албанија исто така постои село со истото име и дека фотографијата по грешка е објавена дека е од Албанија.

Имено, од Кабинетот се заблагодарија на сите следбеници коишто им посочиле дека тоа прекрасно место е во Македонија.

„Исто така постои село во јужна Албанија со истото име и сликата по грешка беше означена дека е од Албанија. Им се заблагодаруваме на сите следбеници коишто ни посочија дека ова прекрасно место е во Македонија“, наведоа од Кабинетот на Рама за МИА.

Претходно денеска, планинари од Тетово ја алармираа јавноста и министерствата дека фотографија од втората када на Кривошијска река во месноста Лешница на Шар Планина се претствува дека е дел од Албанија на објава на Фејсбук профилот на албанскиот премиер Еди Рама.

Тој  објавил фотографија од планински водопад со хаштаг „прекрасна Албанија“ и „Кањон Лешница“ (#BeautifulAlbania, #KanioniLeshnicës).

Имаше околу 400 коментари во кои се забележува дека Рама убавина на Македонија ја прикажува како убавина во неговата земја. 

Слично

Поврзани вести