Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од Јасен целосно сменет Управниот одбор - Крај на кризните игри

Од Јасен целосно сменет Управниот одбор - Крај на кризните игри

Владата на Република Македонија на вчерашната попладневна седница меѓу другите одлуки реши целосно да го смени Управниот одбор на резерватот Јасен. Нови членови во управата се назначени Марјан Даскаловски, Зоран Наков, Ирена Станкоска, Ристо Спасовски и Илми Селмани. Засега нема информации кога би бил поставен нов директор на шумскиот резерват во непосредна близина на Скопје. 

Да потсетиме дека краткотрајно оваа функција претходната влада му ја довери на Оливер Андонов како човек од доверба кој исто така беше ангажиран како министер за внатрешни работи неполн ден само за да се остварат кадровските игри со кои Митко Чавков од министер беше прекомандуван на позицијата директор на Бирото за јавна безбеднос од каде имаше голема контрола врз полициските сили. 

Јасен беше споменувано и место каде треба да се изврши евакуација на државниот врв во случај на големи немири и избивање на силни судири во проектирана вонредна ситуација прогласена од претседателот Иванов. Иако ова беше само теорија нејзината реализирање беше многу блиски со крвавите напади во Собранието врз пратениците на СДСМ меѓу кои и Зоран Заев. 

Слично

Поврзани вести