ОД ГРАДОНАЧАЛНИК НА СОПИШТЕ, ДО ДИРЕКТОР НА „ДРИСЛА“: Стевче Трпковски доби нова функција
Доскорешниот градоначалник на Сопште, Стевче Трпковски, како што информираа градските власти, отсега ќе раководи со ЈП „Дрисла“. Тој преку социјалните мрежи се заблагодари на довербата и вети дека ќе работи чесно.
„По 15 години посветена работа и неисцрпен порив да придонесам за подобро секојдневие на граѓаните од Сопиште, денеска добив нова можност – функција која ми дава простор да го вложам своето знаење, искуство и идеи во градење подобро секојдневие за сите граѓани на Скопје.
Поривот е посилен од кога и да е, а одговорноста голема, затоа што верувам дека секој граѓанин заслужува поефикасни и поквалитетни јавни услуги.
Имам јасна визија и конкретни планови и со секоја нова одлука ќе се водам од едно едноставно правило – чекори и мерки во интерес на потребите на граѓаните. Моето искуство и знаење се тука да бидат инструмент за реални и позитивни резултати кои ќе се чувствуваат во секојдневниот живот на луѓето.
Изразувам голема благодарност за довербата која ми ја укажаа сите кои оценија дека токму јас сум соодветен за оваа улога. Верувам во одлична соработка со градоначалникот Ѓорѓиевски, заедно да реализираме промени кои ќе бидат видливи и кои навистина ќе го подобрат животот на граѓаните. Благодарност и до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој истовремено и како претседател на Владата, целосно е посветен од ден на ден, сите граѓани да имаат поквалитетно секојдневие.
Со целосна посветеност, енергија и визија, ќе работиме за град во кој секој ќе се чувствува слушнат, вреднуван и горд што го нарекува свој дом“, напиша тој.
Слично
