ФИНАНСОВА ПОЛИЦИЈА: СЕ РАБОТИ ЗА ГОЛЕМ ПРЕДМЕТ - не знаеле дека домот е на таткото на Јаулески
Вистина е дека утринава имавме претрес во дом во Скопје, но не сме сме знаеле дека тоа е домот на таткото на пратеникот Јован Јаулески, изјавиле за „Слободен печат” од Управата за финансова полиција.
Претресот, како што нагласиле, бил извршен со наредба од суд, а во соработка со Обвинителството на Северна Македонија.
Од Управата за финансиска полиција велат дека нaскоро ќе излезат со официјално соопштение за случајот и додаваат дека станува збор за многу голем предмет. Теткото на Јаулески е раководител на секторот за јавни набавки во ЕВН.
Слично
