Од ДУИ се согласуваат избори да има во мај или јуни?
ДУИ тврди дека се можни предвремени избори во мај или јуни.
Можни се предвремени парламентарни избори идната година, но за тоа е потребен договор на сите политички партии.
Од ДУИ сметаат дека треба да биде заокружен процесот за влез во НАТО и добивање на датум за преговори, а СДСМ останува посветен на евроинтеграциите.
„Знаеме дека регуларните избори се во декември, но верувам дека во разговор со другите политички партии ќе има разбирање кампањата да се одвива малку порано, изборите да се одржат малку порано. Имајте предвид и дека согласно Законот за Влада ќе треба да имаме и техничка Влада сто дена пред избори, така што ако ги имате на ум сите овие рокови ќе видите дека оваа година впрочем не се можни предвремени парламентарни избори, а не се ни пожелни затоа што чекаме да го заокружиме процесот за зачленување во НАТО и да добиеме датум за членство во ЕУ“, изјави пратеникот Артан Груби.
ВМРО-ДПМНЕ не ја исклучува можноста да поднесе иницијатива за распишување во Собранието.
