„ОД ДУИ ПЛАЧЕА ЗОШТО Е ТРГНАТА ФУНКЦИЈАТА ЕКОНОМСКИ ДИРЕКТОР ВО ЗДРАВСТВО“: Таравари за реакциите на ДУИ
Министерот за здравство, Арбен Таравари со став за реакциите на ДУИ за укинувањето на економските директори.
„Од ДУИ имаа реакција каде плачеа зошто е тргната функцијата економски директор во Министерството за здравство.
Сосема непотребна позиција со која ДУИ ги „честеше“ своите луѓе.
Значи ДУИ и замери на Владата што штеди пари на граѓаните и ги раскинува коруптивните врски изградени од ДУИ...
На оваа партија и требаат две работи:
Добар тим на адвокати да се брани од обвиненијата што и се подготвуваат,
Да сфати дека барем сега кога е во опозиција мора да го смени нејзиниот коруптивен менталитет...“ , вели тој.
Слично
