ОД ДУИ МОЛК ЗА ИНЦИДЕНТОТ СО БЕЉА: Малку ли им е една плата на функционерите на Ахмети
Има ли проблеми во ДУИ? Што се случува во партијата на Али Ахмети.
Ова прашање си го постави јавноста по инцидентот којо се случи вчера попладне.
Денес од МВР официјално соопштија дека имало пукање во скопски Чаир.
Инцидентот според надлежните се случил околу 17,45 часот на улицата „Лазо Трповски“ а било пукано во лицето В.Б 40 годишен.
По ширењето на веста јавноста дозна дека се работи за економскиот директор на Клиниката за гинекологија, Ваљон Беља кој по куршумот завршил во Градската болница „Св.Наум Охридски“.
Веднаш на лице место излегоа јавен обвинител а на местото на настанот е направен увид по што повеќе детали не се познати бидејќи е во тек истражната постапка.
Според деталите на МВР во Беља пукало лице кое било заедно со Е.Х., Е.А. и Р.Н.
Дел од медиумите објавија дека економскиот директор на Клиниката за Гинекологија, сакал да го праша градоначалникот зошто му била запрена платата која што ја примал од општината. По ова, градоначалникот повикал на помош други луѓе, и настанала тепачка која завршила со пукање.
Засега од ДУИ нема никаква реакција за случувањата со функционерот на ДУИ, но затоа јавноста и социјалните мрежи запрашаа дали им е малку една плата на функционерите од партијата на Али Ахмети.
