Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од ДУИ демантираат дека веќе имаат договорено влада

Од ДУИ демантираат дека веќе имаат договорено влада

Демократската унија за интеграција  на Али Ахмети ги демантира информациите кои се појавија вчера во медиумите дека неговата партија постигнала принципиелна согласност со ВМРО-ДПМНЕ за составување на нова влада. 

„Ниту една неофицијална  излезена информација која беше распространета по медумите не е точна. Нашиот лидер Али Ахмети изјави дека договорот ќе биде транспарентен и општеството ќе биде информирано за него”- велат од ДУИ.

Од ДУИ велат дека нивната цел е да се стави крај на политичката криза во земјата преку формирање на новата влада. 

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ начелно ги усогласиле ставовите околу двојазичноста, објави вчера „Телма“, повикувајќи се на извори од преговарачките тимови. 

Телевизијата наведе дека двете партии решиле Уставот да не се менува, а прашањето да се уреди преку измени на Законот за употреба на јазиците.

Според нив, во Собранието ќе се формирале работни групи кои ќе работат на сите отворени прашања. 

Слично

Поврзани вести