ОД ДСЗИ СЕ ИЗЈАСНИЛЕ - пратениците кои дојдоа во скафандери во Парламентот имаа решенија за лекување и изолација, за ова се информирани и МВР
Државниот санитарен и здравствен инспекторат, по претставка на Левица, утврди дека на пријавените заразени пратеници (кои со скафандери гласаа во Собранието) им биле издадени активни решенија за карантин кој тие не смееле да го прекршат, и предметот го препрати до МВР на понатамошно постапување, согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, напиша на својот фејсбук-профил пратеникот на Левица Димитар Апасиев.
Еве го одговорот кој го добиле од Левица од Државниот санитарен и здравствен инспекторат – Сектор за инспекциски надзор по Пријава – Известување за грубо прекршување на времена мерка „строга изолација (карантин)“, поднесена од таа партија, а која се однесува на пратениците Бисера Костадиновска Стојчева и Мирослав Богдановски, кои заразени од Ковид-19, дојдоа во Собранието, за да гласаат на 32-та седница.

„Ве информираме дека од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, согласно надлежностите на овој орган, а врз основа на податоците добиени од Националниот електронски систем „Мој термин“, на двете лица им се издадени решенија за „лекување и изолација во домашни услови во траење од 10 дена од денот на тестирањето на лице асимптоматски потврден случај“, односно „лекување и изолација во домашни услови од трање од 20 дена на лице потврден случај со симптоми на Ковид-19“.
Решенијата за наведените лица како и за сите останати лица кои добиваат решенија од ДСЗИ за изолација по основ на контакти или лабораториски потврдени случаи на Ковид-19, се доставени до Министерството за внатрешни работи, кое согласно член 65 од Законот за заштита на населението од заразните болести е должно во рамките на својата надлежност, да соработува при извршувањето на мерките од членовите 29, 31, 57, 58 и 64 од овој закон“, стои во одговорот од инспекторатот.
Слично
