„ОД ДРЖАВА КАДЕ ФУНКЦИОНЕРИ СЕ ВОЗАТ СО НАЈНОВИ МОДЕЛИ НА ВОЗИЛА, А СЕ ГАСИ ПОЖАР СО КАМИОНИ ОД 70-ТИТЕ - БЕГАЈ!“ Се огласи новинарот Салиу за состојбата со пожарите
Веќе подолго време цела Македонија едвај се справува со пожари кои причинуваат невидени штети, а се бара помош од соседството бидејќи Македонија има проблем со ресурси и луѓе за гаснење на пожарите.
Со реакција за пожарите се огласи и новинарот Фуркан Салиу.
„Од државата каде што функционерите се возат со најнови модели на возила а се гаси пожар со камиони од 70-тите, бегај. Бегај затоа што куќата ке ти изгори па ќе треба пак нив да ги молиш за да ти помогнат.
Од држава каде што функционери се плаќаат над 150 000 денари, а пожарникари 30 000 денари продај се на време и бегај таму каде што твоите даноци не завршуваат во приватни џебови.
Од држава што ја водат луѓе кои носат 30 000 евра саат на рака бегај на време затоа што за нив си само бројка, глас повеќе. Ќе те остават да изгориш како што изгореа пациентите во Тетово за малку провизија“, напиша тој на социјалните мрежи.
