Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОД ДЕТЕТО КОЕ ИМА ВАРИЧЕЛА НЕМА ОПАСНОСТ: Директорката Нацева Фуштиќ потврди дека е хоспитализирано 17-годишно момче

ОД ДЕТЕТО КОЕ ИМА ВАРИЧЕЛА НЕМА ОПАСНОСТ: Директорката Нацева Фуштиќ потврди дека е хоспитализирано 17-годишно момче

Директорката на Детската клиника Стојка Нацева- Фуштиќ потврди дека кај нив е примено 17-годишно момче кое има овчи сипаници.  Во изјава за МИА рече дека нема никаква опасност од детето бидејќи тоа е изолирано и има протоколи по кои се работи.

- Станува збор за дете со церебрална парализа, неподвижно, на респираторна поддршка беше цел месец ипол на интензивна, пуштено е пред неколку дена, доаѓа тука со тешко дишење, интубирано е, сместено е на Одделот пулмологија во посебна контактна изолација. Таму се работи со посебна сестра, која носи заштитна опрема и мантил и маска, визер, ракавици. Има протоколи по кои се работи, нагласи Нацева-Фуштиќ.

Таа појасни дека се работи за 17 - годишник со 15 килограми и апелираше да се почитува приватноста на пациентите и да се внимава при пренесување на информации во јавноста.


Слично

Поврзани вести