Од денеска вакцинирање против грип, ќе има и бесплатни дози
Лица со пензија помала од просечната или исто толку голема од денеска ќе може бесплатно да се вакцинираат против грип. Во сите Центри за јавно здравје во земјава денеска почнува вакцинацијата против сезонски грип. Годинава обезбедени се 41.000 дози вакцини. Вакцината ќе биде бесплатна и за оние над 65 години кои немаат стекнато пензија, а тоа треба само да го потврдат.
За прв пат годиунава се набавени 28.000 дози на вакцина, која е бесплатна за лицата над 65 години со пензија помала од 14.480 денари.
– Набавивме четиривалентна вакцина, која е најнова, висококвалитетна, и заштитува од четири видови на инфлуенца и истата е според препораките на Светската Здравствена Организација и Европската Медицинска Агенција, потенцираше Филипче.
Вакцинирањето се закажќува преку „мој термин“ кај матичниот лекар
За сите останати лица, кои сакаат да се вакцинираат, не мора да закажуваат, но ќе платата 650 денари.
