Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од денеска температури до 38 степени, како ќе се однесува корона-вирусот на летните горештини?

Од денеска температури до 38 степени, како ќе се однесува корона-вирусот на летните горештини?

Времето во земјава од денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност, со утринската температура која ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 30 до 38 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен северен ветер, со дневна температура која ќе достигне 35 степени. Летните горештини ќе траат до средината на следната недела, кога се очекува пороен дожд и пад на дневните температури за неколку степени.

Според епидемиолозите, инфектолозите, еминетни светски експерти се очекуваше дека корона вирусот ќе ја изгуби силата, ќе нема голема вирулентност со голем потенцијал на преносливост.

И инфектологот, проф.д-р. Вело Марковски, за Фактор изјави дека според сите досегашни научни сознанија, вирусните инфекции во текот на летниот период се намалуваат.



Слично

Поврзани вести