ОД ДЕНЕСКА СТАРТУВА ПРОМЕНАТА НА ВРЕМЕТО - Температурите значително ќе опаднат, ќе има и дожд и снег
Врнежи од дожд, кој на одредени места ќе бидат пообилни, дури и над 25 литри на метар квадратен најавува за денеска Управата за хидрометоролошки работи. Од оваа институција додаваат дека денеска времето во Македонија ќе биде претжно облачно, а покрај дождот на планините ќе паѓа снег.
Очекувањата се дека во текот на денот, температурата значително ќе опадне и врнежите од дожд ќе преминат во снег. Снег ќе има и во пониските места. На планините и на повисоките места ќе се формира поголема, а во некои пониски места, помала снежна покривка.
Како што соопшти УХМР, ќе дува умерен до засилен, а долж Повардарието повремено силен, над 70 километри на час северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од пет до 9, а максималната од шест до 13 степени.
- Во Скопје ќе биде облачно и студено, претпладне со врнежи од дожд кои попладне и до крајот на денот ќе преминуваат во снег и се очекува да се формира помала снежна покривка, особено во повисоките делови од котлината. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до шест, а максималната ќе достигне до седум степени - посочуваат од УХМР.
В недела претпладне ќе дува засилен, повремено силен северен ветер, над 70 километри на час и наместа ќе провејува слаб снег. В понеделник утрото ќе биде ведро и многу студено, а нови врнежи се очекуваат во вторник. Температурите ќе се задржат ниски до средината на следната седмица.
