ОД ДЕНЕСКА СТАРТУВА АНКЕТАТА НА БЕРЗАТА И ФАКТОР - кои се најактивните и најпрепознатливите учесници на пазарот на капитал
Со цел јавно признание на најпрепознатливите и најактивни учесници и други субјекти кои се директно или индиректно поврзани со пазарот на хартии од вредност, Македонска берза и оваа година доделува повеќе награди во различни категории. Наградите ќе се доделат на 21.12.2023 година.
Наградата „Акцијата на годината по избор на јавноста“ се доделува на котирано акционерско друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда.
Гласањето се врши паралелно на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“ и акцијата на издавачот која ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно ќе биде прогласена за „Акцијата на годината за 2023 година“.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.
Мислењето на јавноста е пресудно за објективно мерење на перформансите и однесувањето на котираните друштва на Берзата - извонредноста заслужува јавно признание – изберете ја „Акцијата на годината за 2023 година„ и гласајте подолу.
Анкетата е отворена од 16.11 до 15.12.2023 година.
Во продолжение компаниите кои треба да бидат дел од анкетата и за кои ќе се гласа:
- Алкалоид АД Скопје
- Гранит АД Скопје
- Комерцијална банка АД Скопје
- Макпетрол АД Скопје
- НЛБ Банка АД Скопје
- Стопанска банка АД Скопје
- ТТК Банка АД Скопје
- УНИ Банка АД Скопје
- Македонски Телеком АД Скопје
- Макстил АД Скопје
Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2023 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.
