Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од денеска секој ден попладневни протести пред Влада

Од денеска секој ден попладневни протести пред Влада

Фелата од дејноста за организација на настани од денеска од 12 часот ќе започне со протести пред Владата, бидејќи како што велат, тоа што им го нуди власта не е помош, а и дека ниту е планирано да бидат опфатени сите засегнати компании.

– Ќе елаборираме зошто тоа што Владата деновиве го претставува како помош, ниту е помош ниту е планирано да бидат опфатени сите засегнати компании. Да потсетиме, според официјалната статистика на Централниот регистар, нашиот сектор има пад на промет од 62,103% за 2020 година и тоа е можеби највисокиот пад споредено со другите индустрии. Нашите компании се пред колапс, соопшти организаторот..

Индустријата ќе протестира секој ден од 12 до 15 часот, како што што очекуваат, сé до постигнување на взаемно прифатливо и одржливо решение со Владата.


Слично

Поврзани вести