Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од денеска се „подновува“ Милениумскиот крст

Од денеска се „подновува“ Милениумскиот крст
Вкупно 1,3 милиони евра ќе чинат работите на реконструкцијата на Милениумскоот крст на Водно, а изведувач е градежната фирма „Бетон“ од Скопје. Градежните работи на адаптацијата и уредување на крстот и просторот околу него започнуваат денеска. Официјалниот старт ќе го означат градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, директорот на ЈСП, Мишо Николов и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Тендерот за реконструкција на Милениумскиот крст беше продолжуван на два пати, на барање на фирмите учеснички, а на крајот само две влегоа во трка за да изведување на работите. „Бетон“ ќе треба да заврши повеќе работи на Милениумскиот крст и просторот околу него – заштита на крстот од кородирање, осветлување, довод и одвод на вода, промена на лифтот, пречистителна станица за прочистување на отпадната вода.
Слично

Поврзани вести