Од денеска прес конференции во Владата без новинари
Владата од денеска ќе одржува прес конференции без присуство на новинари. За снимателите препораката трае веќе одреден период. Од Владата соопштуваат дека прес конференциите ќе бидат пренесувани преку он лајн стрим, а прашањата новинарите ќе ги доставуваат до портпаролот 15 минути пред почетокот на пресот.
„Целта на овие мерки е сите заеднички да се заштитиме и да обезбедиме услови за работа согласно актуелната ситуација. Прашањата за прес конференциите во текот на денот може да ги испратите на portparol@vlada.gov.mk и на мејл адресата на портпаролот/лицето за односи со јавност на ресорното министерство, со нагласување на медиумот од кој доаѓа прашањето и назнака за која прес-конференција односно за кој министер/министерка (претставник на институција) се однесуваат, соопштуваат од Влада.
