Од денеска повторно барања за пасоши, лични карти и возачки дозволи во Скопје
Одделението за узработка на пасоши, лични карти, возачки дозволи и други документи од денеска повторно ќе работи по неколкудневната надградба на софтверот. Од 11 јуни попладне до денеска не беше во функција системот за прием и издавање на овие документи во Скопје поради надградба на системот.
Од МВР најавуваат дека дневно има 3-4 000 барања за пасоши и затоа ќе се работи со продолжено работно време, во две смени и за викенд. Големиот интерес се должи на иселениците кои поради пандемсиките услови до сега не можеа да ја продолжат патната исправа.
Оние кои имаа закажано претходно термин до 15 јуни правото за поднесување на барање за личен документ можеа да го остварат до затворањето на одделението.
Слично
