Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од денеска нов систем за наплата во ЈСП

Од денеска нов систем за наплата во ЈСП
Граѓаните кои користат јавен превоз, од денеска ќе можат да извадат електронска персонализирана картичка, наместо старите автобуски билети. Картичката чини 200 денари и на неа може да се стави кредит во зависност од потребата на граѓанинот. Картичките ќе важат за во автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), но и во приватните автобуси. Официјалната примена на електронските билети во градскиот превоз започнува од први наредниот месец, а од Нова Година оваа картичка ќе биде задолжителна за сите граѓани. Oвој систем за наплата во јавниот превоз го чинеше градот три милиони евра.
Слично

Поврзани вести