Од денес Владата е на одмор
Владата од денес е официјално на одмор. Како што пред некое време информираше премиерот Мицкоски, владата и нејзините членови ќе го користат одморот од 5 до 15 август, по што повторно ќе започне со работа.
Не е познато каде премиерот ќе го помине годишниот одмор.
Официјално, само министерот за транспорт и врски Александар Николоски рече дека одморот ќе го помине во Охрид.
- Тие десетина дена ќе бидам во Охрид со семејството, а некој викенд, доколку пронајдам простор, ќе го поминам на море, рече Николоски.
Пратениците пак речиси цел август ќе го поминат во одмор.
Слично
